НИС поднесе барање за посебна лиценца од Министерството за финансии на САД

Претходната лиценца, од 14 ноември, со важност до 13 февруари 2026 година, одобри преговори меѓу акционерите и другите заинтересирани страни за промена на сопственичката структура на НИС.

од Vladimir Zorba
10 прегледи Фото: Јутјуб/Принтскрин/НИС

На 18 ноември, Нафтената индустрија на Србија (НИС) поднесе ново барање за посебна лиценца до Канцеларијата за контрола на странски средства (OFAC) на Министерството за финансии на САД за да се овозможи работењето на компанијата да продолжи непречено, објави денес НИС.

Претходната лиценца, од 14 ноември, со важност до 13 февруари 2026 година, одобри преговори меѓу акционерите и другите заинтересирани страни за промена на сопственичката структура на НИС.

Во согласност со статусот на преговорите меѓу акционерите и заинтересираните страни, до OFAC е испратено барање за нова лиценца што би ѝ овозможило на компанијата да работи додека траат преговорите за одржливо решение за НИС, се вели во соопштението.