(ВИДЕО) Ништо и од денешните прегoвори, Бејли се надева на “утрешниот ден”

од desk3
88 прегледи

Разговорите меѓу политичките партии ќе продолжат утре откако денеска повторно не е постигнат договор, изјави амбасадорот на САД Џес Бејли по завршувањето на средбата во Клубот на пратениците.

Денешните разговори за ингеренциите на министерот за внатрешни работи и за техничката влада која што ќе ги спроведува изборите траеја два часа.

bejli_i_orav_bez_dogovor

Пред почетокот на средбата изјави за медиумите дадоа Никола Тодоров од ВМРО-ДПМНЕ, Радмила Шеќеринска од СДСМ и Артан Груби од ДУИ.

Тодоров и Шекеринска ги повторија веќе изнесените ставови во врска со прашањата за ингеренциите на министерот за внатрешни работи, но не сакаа да соопштаат кои се новите идеи што произлегле на вчерашаната средба, според тврдењата на амбасадорот на САД Џес Бејли.

Груби, пак, од ДУИ рече дека е оптимист оти разговорите може да завршат уште денеска или утре доколку македонските партии ги надминат разликите бидејќи тие биле минимални. Доколку се постигне договор сега, според него, избори би можеле да се одржат на 11 декември.

На средбата присуствуваат и Имер Алиу од ДПА, амбасадорот на САД Џес Бејли и претставник на мисијата на ЕУ во отсуство на амбасадорот Аиво Орав./МИА

Слични содржини