НИШТО ОД ПРИМИРЈЕТО?! Орбан откри што му кажал Зеленски при посетата на Киев

од Nikola Popovski
681 прегледи

Унгарскиот премиер Виктор Орбан вчера изјавил дека мировната мисија во Украина ја започнал со посетите на Германија, Франција и Италија.

– Се зависи од големите лидери на Европската унија. Затоа отидов во Берлин, Париз и Рим. Така ја започнав мировната мисија, изјавил Орбан во интервју за швајцарскиот портал „Die Weltwoche“.

Во вторникот, да потсетиме, Орбан беше во прва посета на Киев по дванаесет години, во моментот кога Унгарија на 1 јули го презеде шестмесечното претседавање со ЕУ.

Унгарскиот премиер на прес-конференција со украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека побарал од него да ја разгледа можноста за прекин на огнот пред преговорите за решавање на ситуацијата во Украина.

– Зеленски се сомнева во тоа. Тој беше прилично незадоволен поради тоа. Повеќе пати рече дека треба да размислат околу таквата одлука. (Зеленски) Има лошо искуство со претходните прекини на огнот, кои според негово толкување не биле добри за Украина. Ја разбра позицијата и ги објасни своите ограничувања. Ќе видиме како ќе продолжиме, рекол Орбан.

Зеленски соопштил дека побарал од унгарскиот премиер да се приклучи на мировните напори на Украина.

-Ги повикав Унгарија и премиерот Орбан да ги здружат напорите за организирање на нов самит за мир во Украина“, кажал Зеленски во своето секојдневно обраќање до граѓаните.

Заменик-шефот на кабинетот на украинскиот претседател, Игор Јовква, за украинска телевизија изјавил дека Зеленски „го слушнал предлогот на Орбан за прекин на огнот, но го пренел својот став“.

Мировниот план за кој се залага Зеленски, од почетокот на војната, предвидува повлекување на руските сили од украинска територија, судење на руските официјални лица пред меѓународен суд и руска исплата на репарации. Русија го отфрли таквиот план.

Слични содржини