Заинтересираните купувачи на „Златната топка“ од колекцијата трофеи на легендарниот Диего Армандо Марадона, сепак, нема да имаат можност да станат горди сопственици на трофејот, бидејќи со судска одлука е стопирана аукциската продажба на наградата за најдобар играч на Светското првенство во 1986 година.
Така, жалбата на ќерката на магионичарот од Аргентина беше прифатена, односно аргументот дека споменатиот трофеј е украден и дека не може да се продаде како таков, не може да се продаде против волјата на семејството на Марадона, како наследници на имотот на неверојатниот, но и контроверзен „гаучос“.
Минијатурниот голгетер и дриблер ја предводеше својата селекција до титулата на Светското првенство во Мексико, за што ја доби и споменатата индивидуална награда, но во меѓувреме таа „доби нозе“. Според една верзија, Марадона сам ја продал „Златната топка“ за да плати дел од коцкарските долгови, според друга, ја изгубил во игра покер, а според третата, била украдена од банка во Неапол.
Но, сегашниот сопственик нема право да ја отуѓи, уште повеќе, должен е да им ја врати на наследниците на еден од најдобрите играчи во светот на сите времиња, кој почина пред четири години, како последица на турбулентен живот и несовесно лекување.