Ниту еден пратеник од ВМРО-ДПМНЕ нема да гласа за уставни измени, тврди Николоски

од Vladimir Zorba

Александар Николоски, потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ во вечерашното гостување во емисијата ЗА или ПРОТИВ на ТВ Алфа уште еднаш нагласи дека за ВМРО-ДПМНЕ уставните измени под бугарски диктат се затворена тема, нагласувајќи дека ниту еден пратеник на ВМРО-ДПМНЕ нема да гласа.

-Не може уставните измени да траат една година во една држава а имајќи во предвид дека не го ставаат во собрание, значи нема мнозинство. Ние оддамна сме ја затвориле оваа тема, ниту еден пратеник на ВМРО-ДПМНЕ нема да гласа, ние не подржуваме уставни измени под бугарски диктат, изјави Николоски.

Слични содржини