Ниту Ѓоковиќ ниту Синер – еве кој е најдобриот тенисер во светот за Медведев

од Nikola Popovski
44 прегледи

Русинот Данил Медведев откри кој според него е најдобриот тенисер на светот во моментов, кога е во врвна форма.

Медведев моментално се наоѓа во Пекинг каде стигна до полуфиналето на АТП турнирот од серијата 500, а на следниот меч го чека Карлос Алкараз.

Токму за него Медведев мисли дека е најдобар на светот, кога е на врвот на својата форма.

„Мислам дека тој е за мене, и мислам дека не сум единствениот што ќе го каже ова, најдобриот играч на светот кога е во зона“, изјавил Медведев.

Тој се уште не е сигурен како ќе му се спротивстави на Алкараз во полуфиналето.

„Тешко е да се игра против него. Мислам дека тој е „во зона“ во моментов, па тоа ќе биде голем тест за мене. Ќе видиме каква тактика ќе имам, што ќе правам и размислувам“, потенцирал рускиот тенисер.

Во второто полуфинале во Пекинг ќе играат Јаник Синер и Кинезот Бу.

Слични содржини