Томас Тухел и Маурисио Покетино се две од имињата кои се поврзуваа со Манчестер Јунајтед, но ниту еден нема да биде наследник на Ерик тен Хаг. Манчестер Јунајтед допрва треба да го отпушти Ерик тен Хег, но шпекулациите за нов менаџер продолжуваат.
Томас Тухел нема да биде нов тренер, Германецот имаше неколку состаноци со Манчестер Јунајтед но реши да не ја прифати понудата, планира да паузира една година и потоа да се врати на работа.
Друг кандидат беше Маурисио Покетино, но според информациите, ниту тој нема да биде менаџер на Јунајтед.
Моментален фаворит е Роберто Де Зерби, кој го напушти Брајтон, но допрва треба да потпише нов договор и покрај тоа што го поврзуваат со неколку клубови.
Некои од членовите на управата го сакаат и селекторот на Англија Герет Саутгејт, но засега тој е втора опција.