Нивото на ПМ10 честички во Скопје и Струмица под прагот на алармирање, престануваат да важат воведените мерки

од Nikola Popovski
276 прегледи

Министерството за животна средина и просторно планирање (МЖСПП) информира дека е прекинат прагот на алармирање за високо загадување на воздухот во Скопје и Струмица.

-Согласно податоците од Државниот автоматски мониторинг систем на ден 04.01.2024, среднодневните концентрации на РМ10 се под дефинираниот праг на алармирање од 150 mg/m3 и епизодата со надминување на прагот на алармирање за РМ10 честички е прекината во Скопје и Струмица, се вели во соопштението на МЖСПП.

Со тоа, мерките и препораките за надминат праг на алармирање се прекинуваат.

Од СДСМ критикуваат дека градоначалниците од редовите на ВМРО-ДПМНЕ не преземаат ништо 2 години за загадениот воздух во Скопје.

Министерката за животна средина и просторно планирање Каја Шукова завчера изјави дека анализите покажуваат дека 45 отсто од загадувањето доаѓа од домаќинствата, но и од јавни институции кои не користат еколошки системи за затоплување.

Таа посочи дека актуелните мерки за заштита од аерозагадувањето се краткорочни, а замената на системи за затоплување со еколошки е долгорочна мерка, но и долготраен процес. Воедно, ги охрабри општините, како што државата спроведува проекти во јавните објекти истото да го прават и тие во рамки на нивни можности.

Според платформата „IQAir“, утрово главниот град е втор најзагаден во Европа, после Сараево, а 26-ти во светски рамки. Индексот на квалитет на воздухот е 99.

Слични содржини