Низ државата се отвораат нови пунктови за вакцинација

од Берта Китинска
224 прегледи

Во шест града ќе се отвораат нови пунктови за вакцинација.

На вчерашната владина седница беше одлучено да се отворат пунктови во Битола, Охрид, Штип, Кавадарци, Тетово и Куманово.

На оваа своја седница Владата ја разгледа и усвои Информацијата за формирање регионални центри за КОВИД – 19 вакцинација и го задолжува Министерството за здравство, во соработка со Министерството за образование и наука и општините Битола, Охрид, Штип, Кавадарци, Тетово и Куманово, да го координира спроведувањето на неопходните активности за формирање на пунктовите по примерот на пунктот организиран во спортската сала „Борис Трајковски“ во Скопје – стои во соопштението по владината седница.

Слични содржини