Исламска држава заработува од трговија на антиквитети, пишува весникот “Њујорк тајмс”, кој опишува полициска акција против оваа трговија во Бугарија.
Преписката од бугарскиот град Шумен започнува со полициска рација во овој град во март 2015 година, каде што при претрес на четири простории се запленети над 9.000 антички артефакти, вклучувајќи статуетки, накит и монети стари 2000 години, како и калапи за лиење и други материјали кои наведуваат на мислата дека барем некои од овие предмети може да се фалсификати. Уапсени се три лица, кои се пуштени со кауција, додека тече истрагата.
Законите во светот се слаби и неконзистентни, а царинските службеници можат да проверат само дел од поминуваните гранични стоки, забележува весникот.
Шверцерските организации имаат развиено добри искуства при набавката на стоки на луѓе кои се подготвени да платат за нив, а и се доволно трпеливи да ги кријат древни предмети по магацини додека поминат проверките.
Како омразата “стави рака” врз муслиманскиот свет
Шверцот на древни предмети достигна нови нивоа, откако радикалната група “Исламска држава” зазеде делови од Сирија и Ирак и разруши и ограби древни градови. Иако речиси беше едногласна осудата на активностите на ИД, сепак малку се земјите кои покажаа интерес во наметнување на нови рестрикции против растечкиот сообраќај на антиквитети, чии добивки се проценуваат на милијарди долари годишно, пишува “Њујорк тајмс”.
Официјалните лица се уште не знаат како древните предмети достигнале во Шумен или дали поминале низ територија под контрола на ИД. Се смета дека колку и антиквитети да се фатени, уште повеќе стигнале до купувачи и трговци во Виена, Минхен, Лондон и Њујорк. Трговците ја користат законската трговија со антиквитети, за да пласираат артефакти, кои со години се пустошат при конфликтите во Сирија и Ирак, како и во Либија, Јемен и Египет, пишува весникот.
Засега сосема мал број такви предмети се поврзани со грабежите на ИД. Иако групата е релативно нова во оваој бизнис, таа ги допушта во индустриски нивоа на контролираните од неа територии, и ги оданочува со данок ископувачките активности за да добие приходи за најавениот од неа во 2013 година калифат, наведува весникот.
Затоа конфискуваните во Бугарија древни предмети, заедно со стотици други, заробени во Турција во близина на границата со Сирија и најмалку еден фатен предмет во Лондон, се гледаат како дел од бран, кој според експертите ќе ги преплави европските и северноамериканските пазари во наредните години , пишува “Њујорк тајмс”.
Степенот на грабежи под контрола на ИД натера многу држави да се обидат да го ограничат протокот на предмети и добиените од овој шверц приходи, иако и тие да не се најголем извор на финансии за групата, со оглед на трговијата и со нафта.
Минатиот месец 15-те министри за финансии на земјите од Советот за безбедност се ангажираа да преземат мерки за блокирање на трговијата со нафта и антиквитети, а во септември Американскиот Стејт департмент објави 5 милиони долари награда за информација која осуетува таков сообраќај.
Бугарија, каде што има десетици древни објекти, е одмана позната како шверцерски канал, велат за весникот официјални лица. Откако нелегално стекнати антиквитети стигнат Европа, за шверцерите станува полесно да создадат документи дека тие се автентични откритија, кои може да се купуваат и продаваат.
