Њукасл ја отфрли понудата на Ливерпул за Исак

од Vladimir Zorba
12 прегледи

По неколку недели шпекулации, Ливерпул конечно одлучи да испрати официјална понуда до Њукасл за најдобриот стрелец на клубот, Исак. „Страчките“ ја отфрлија понудата.

Оваа информација ја објави „Атлетик“, кој не ја откри точната сума на понудата. Она што истиот весник го објави пред некое време е дека Ливерпул подготвил понуда помеѓу 135 и 140 милиони евра.

Њукасл во последните денови јасно стави до знаење дека нема намера да го продаде Исак. Но, од друга страна, Швеѓанецот уште појасно стави до знаење дека сака да си оди. Тој не патуваше со тимот на Далечниот Исток на подготовки, туку отиде во Реал Сосиедад за да тренира сам.

Извори блиски до Њукасл откриваат дека „Страчките“ би биле задоволни со 150 милиони евра обештетување. Но, тоа не би бил единствениот трошок на Ливерпул, со оглед на тоа што Швеѓанецот очекува и сериозна плата. Па се шпекулира дека со плата и обештетување, целиот пакет би можел да достигне астрономски 250 милиони евра.

Ливерпул веќе потроши 308 милиони евра само за обештетување за Флоријан Вирц, Иго Екитике, Милош Керкез и Џереми Фримпонг во овој преоден рок.