Њукасл се подготвува за новата кампања во Лигата на шампионите: На мета крило на ПСВ

од Vladimir Zorba
12 прегледи

Њукасл сака оваа сезона повторно да се бори за европска „карта“, а следната сезона за Лигата на шампионите. За ваков потфат им треба сериозно засилување, а на нишан е Холандија.

Њукасл е заинтересиран за потписот на Јохан Бакајоко од ПСВ.

Премиерлигашот е подготвен да потроши дури 40 милиони евра за новото талентирано крило на Ајндховен.

Бакајоко е незаменлив дел од стартната постава на лидерите на табелата во холандската лига оваа сезона. Во првенството постигна седум гола, а забележителни настапи имаше и во Лигата на шампионите каде запиша два гола и една асистенција.

Токму тоа го привлече вниманието на Њукасл. Бакајоко покажа дека може да им прави проблеми на противничките одбрани на највисоко ниво, па трансфер е неизбежен во блиска иднина.

Бакајоко сега е редовен репрезентативец на Белгија. За репрезентацијата одигра 18 натпревари и постигна еден гол.

Слични содржини