Нкунку го напушта Челси и се приклучува на еден од најсилните тимови во Европа?!

од Vladimir Zorba
12 прегледи

Неславната епизода на Кристофер Нкунку во Лондон е при крај.

Според бројни извори, Французинот ги договорил сите лични услови и чека зелено светло за премин во Баерн Минхен!

Нкунку не е во плановите на Енцо Мареска, бидејќи тандемот Кол Палмер – Николас Џексон е незаменлив за Италијанецот, а Французинот сака да го напушти „Стемфорд Бриџ“.

Тој веќе ги договорил личните услови со Баерн, кој исто така сака веднаш да го купи, па позајмица засега повеќе не е опција.

Сепак, Челси треба да се согласи да го продаде за разумна цена, која засега е непозната.

Нкунку во Челси дојде од Германија, од РБ Лајпциг, летото 2023 година за цели 60 милиони евра. Но, во првата сезона се здоби со тешка повреда, а оваа сезона не играше баш најдобро на клучните натпревари.

Французинот играше главно во Конференциската лига, како и ФА Купот и Лига купот, постигнувајќи 13 гола, но само два од нив во Премиер лигата.

Се шпекулира дека Челси би можел да го добие Матис Тел во спротивна насока, но Баерн наводно работи на раздвојување на овие два трансфери.

Слични содржини