Здруженијата „Но Пасаран“ и „Стоп за грабежот“ утре напладне ќе одржат прес-конференција пред Министерството за Правда. Поради енергетската криза и една од најтешките зими кои не очекуваат во Македонија бараат итни мерки за стопирање на наплата на вештачки напумпаните долгови на граѓаните.
„Од Министерството за Правда со месеци немаме одговор за поднесената иницијатива за промените во законите за извршување, Законот за облигациони односи, лажните извештаи од Министерството за Правда до Комитетот на министри на Европскиот совет, финансиското ропство на граѓаните и решавање на истото, преку запирање на извршувањата, враќање на извршителите во рамките на судската власт, формирање на посебен надзор на нивната работа од страна на Министерството за правда со што би се направила итна ревизија на нивната работа“, исткнуваат во најавата за утрешниот прес.
Здруженијата се соединети во, како што велат, „борба за правда, борба против мафијашката спрега доверители, судии, фирми за наплата на побарувања, извршители и низа на корумпирани државни службеници“.