НОАВМ: Квалификациите на Заев се неодмерени

369 прегледи

Членовите на Сојузот на борците од Народноослободителната и антифашистичка војна на Македонија 1941-1945, се изненадени од квалификациите на Зоран Заев, изнесени во интервјуто за БГНЕС, и истите ги сметаат на неодмерени.

„Како учесници во најсветлиот дострел на вековната борба на македонскиот народ за своја слобода – НОБ, се чувствуваме навредени од омаловажувањето на нашата борба. Погодени сме што со тоа се врши ревизија на општоприфатената оцена од светската историја за Втората светска војна.Очекуваме премиерот да се огради од изнесените свои ставови“, велат од НОАВМ.

Слични содржини