255
Двајца од главните играчи на германскиот колос Баерн (Минхен) ќе ги продолжат договорите со клубот. Според популарниот новинар Николо Шира, станува збор за голманот Мануел Нојер и напаѓачот Томас Милер.
Новите договори на двајцата асови ќе бидат до летото 2025 година.
Милер доаѓа од Академијата на Баерн. Неговиот актуелен договор истекува во летото 2023 година. Неговата пазарна вредност моментално е 25 милиони евра.
Нојер во Минхен пристигна во 2011 година, откако веќе одигра 463 натпревари, од кои во 214 ја зачува својата мрежа „сува“. Неговиот договор исто така истекува во 2023 година.