Нојер: Не сакаме само да рушиме рекорди, туку пред се сакаме да победуваме

од Aleksandar Petrovski

Голманот на Баерн, Мануел Нојер ја коментираше победата на натпреварот во Лигата на шампионите против Тотенхем (3:1). Тимот од Минхен стана првиот германски тим што остварил победа на сите шест меча во групната фаза.

– Остваривме историско достигнување. Но ние не сакаме само да рушиме рекорди, туку пред сè сакаме да победуваме. Фантастично е тоа што се случи во групната фаза. На сите шест натпревари игравме многу добро и стабилно. Имаме уште три натпревари на кои треба да дадеме се од себе за да оствариме три победи ако е тоа можно, истакна Нојер.

За разлика од ЛШ, на Баерн не му оди најдобро во Бундеслигата каде по 14 кола е седми со седум бода заостанување зад лидерот Борусија Менхенгладбах.

Слични содржини