Нокаут со песната „Сакам да кажам“ е победник на јубилејното издание на Макфест (видео)

од Nikola Popovski

Синоќа се одржа натпреварувачкиот дел од 35-тото јубилејно издание на Макфест под ведро небо, на градскиот плоштад во Штип, во одлична атмосфера.

Победничка песна на 35-то издание на „Макфест“ е „Сакам да кажам“  од групата Нокаут, втората награда е за „Ден по ден“ изведена од Ѓоко Таневски и трета награда за „Ако те изгубам“ во изведба на Омар Џаферовски.

Никола Перевски-Пере од Нокаут за МИА вели дека ова е награда по 24 години работа, а слатка трема немал да почуствувано никогаш.

-По 24 години конечно нешто да освоиме, публиката тоа го примети дека има некаков квалитет, што сме го направиле. Се разбира тука е жирото кое гласаше за нас и веројатно жирото, тоа го почуствувало. Најважно е за мене да почуствува песната, да се пренесе енергијата, кај публиката, еве и кај жирото и сметам дека е заслужено, вели Пере од Нокаут.

Тој во разговорот за МИА открива дека песната е направена пред три години, а инспирацијата доаѓа од љубовта. Прашан како го доживува „Макфест“ по 35 години, одговорот му е „Како никогаш досега, затоа што „Макфест“ досега се правеше на затворено,  а сега за првпат е кога „Макфест“ се организира под отворено небо и навистина чувството е прекрасно и мислам дека треба да продолжи во ваков некаков континуитет, рече Перевски-Пере од Нокаут.

 

Слични содржини