Ноќеска е изведена голема и координирана хакерска операција врз изборниот штаб на Макрон

од Vladimir Zorba
129 прегледи

 

Изборниот штаб на независниот претседателски кандидат на изборите во Франција, Емануел Макрон, соопшти дека е жртва на голема и координирана хакерска операција, откако ноќеска беа објавени голем број мејлови од кампањата, само на еден ден пред оддржувањето на вториот круг од изборите.

Британските медиуми објавија дека корисник кој себе си се нарекол ЕМЛЕАКС на сајтот Пејстбин постирал околу девет гигабајти податоци, што овозможува натамошно споделување (шерување) на анонимно поставените документи.

Изборниот штаб на Макрон потоа соопшти дека пред неколку недели биле украдени автентични документи, што потоа биле измешани со лажни документи за да се предизвика сомнеж и дезинформации.

Како што се наведува, овие документи не претставуваат причина за загриженост туку покажуваат нормално функционињање на претседателската кампања.

Тие тврдат дека оние кои ги објавиле мејловите сакаат да ја поткопаат кампањата на Макрон на само неколку часа пред вториот круг од изборите, што се оддржуваат во недела, пренесуваат британските медиуми.

Портпаролот на француското Министерство за внатрешни работи не сакаше да ги коментара наводно хакираните мејлови од кампањата на Макрон, бидејќи камапњата веќе заврши./МИА