Ноќеска, неколку часа по полноќ, на улицата „Михајло Андоновски“ во Битола опожарени се две моторни возила јави А1он.
За жал во пожарот целосно е уништено возило марка „Мазда“, додека со префрлање на огнот опожарено е уште едно возило марка „Опел астра“. Благодарение на брзата интервенција на нашите пожарникари спречивме ширење на огнот кој можеше да предизвика покатастрофални проследици бидејќи на паркингот има бројни возила, со различно гориво, бензин, нафта или плин, истакна Костадин Поповски, командир на ТППЕ-Битола.
За два дена, ова е втор случај на опожарување на две моторни возила во Битола.
