Најдобриот тенисер на светот, Новак Ѓоковиќ, има повеќе победи на завршните турнири во сезоната од сите други седум учесника на овогодинешното финале!

Ѓоковиќ во досегашните 12 настапи оствари скор од 36 победи и 14 порази. Рафаел Надал, Доминик Тим, Данил Медведев, Стефанос Циципас, Александар Зверев, Андреј Рублев и Диего Шварцман заедно имаат 35 победи.

Најголем успех на Надал се две финалиња, а вкупно оствари само осум победи, со 14 порази. Освен Ѓоковиќ, позитивен скор имаат само бранителот на титулата, Стефанос Циципас (4-1) и шампионот во 2018 година, Александар Зверев (7-5).

Минатогодишниот финалист Доминик Тим има скор 6-8, Данил Медведев ги загуби сите три натпревари во групата во единственото учество, додека Шварцман и Рублев се дебитанти.

Слични содржини