Нориаки Касаи сака да учествува на деветта Олимпијада

од Vladimir Zorba

45-годишниот јапонски ски-скокач Нориаки Касаи најави дека има намера да учествува на Зимските олимписки игри во Пекинг во 2022 година. Во Пјонгчанг, Касаи стана првиот спортист со осум последователни зимски игри, но не успеа да освои медал.

„Не велам дека сакам да одам во Пекинг, јас сум убеден во тоа. Зборував со своето семејство. Вознемирен сум дека не освоив медал во Пјонгчанг, но тоа ми даде поттик да одам во Пекинг по четири години“, рече Касаи пред АФП .

Јапонецот додаде дека нема намера да ја прекине кариерата и по Пекинг 2022, а сака да учествува дури за десетти пат на Олимпијада. Касаи дебитира на зимските олимписки игри во Албервил 1992 година. Во 1994 во Лилехамер тој освои сребро во тимската трка, а во Сочи 2014 на 41-години освои бронза во тимот и сребро во ски-скокови на голема скокалница.

Слични содржини