Норис и Пјастри се уште не зборувале за борбата за титулата

од Vladimir Zorba
169 прегледи

Многу аналитичари ги посочуваат возачите на Мекларен, Ландо Норис и Оскар Пјастри, како фаворити за битката за светската титула во претстојната сезона во Формула 1. Норис и Пјастри веќе изјавија дека имаат амбиција да ја освојат светската титула.

Шефот на Мекларен, Зак Браун гарантира дека двајцата ќе ја започнат сезоната со еднаков статус, додека тимскиот шеф Андреа Стела прецизираше дека доколку е потребно, тимот ќе користи наредби од боксот, но засега ова е далечна перспектива.

Сега, сепак, Пјастри призна дека сè уште не разговарал за потенцијалната борба за титулата со Ландо.

„Не сме разговарале и мислам дека нема да разговараме за ова прашање“, објасни Австралиецот. „Секој од нас сака да биде што е можно понапред, ако не можеш да бидеш шампион, тогаш ќе се бориш за второто место, нели? Но, покажавме минатата година, како и во 2023 година, дека се почитуваме и можеме да се натпреваруваме еден против друг, но и двајцата знаеме дека на крајот само еден од нас може да победи“.

Браун и Стела сепак јасно ставија до знаење дека иницијативата за односите меѓу пилотите на патеката и во боксот треба да остане кај нив и на почетокот на сезоната повторно ќе се разговара на тема ривалство и заедничка работа на Норис и Пјастри.

Слични содржини