Норис: Ќе видиме дали сум фаворит за титулата!

од Vladimir Zorba
122 прегледи

Ландо Норис вчера забележа убедлива победа на Големата награда на Австралија, но брзо ги заобиколи неизбежните прогнози дека е голем фаворит за титулата во Формула 1 во 2025 година. MCL39 на Мекларен имаше одличен настап на Алберт Парк, а Норис и Оскар Пјастри имаа предност, и во квалификациите и во првата трка во Австралија.

„Ќе видиме дали сум фаворит за титулата, ова е само прва трка“, одговори Ландо со насмевка на прашањето дали ќе биде број 1 оваа сезона.

„Но, мислам дека ќе има патеки каде што ќе се претставиме уште подобро од она што го постигнавме во Австралија. Минатата година бевме силни во втората половина од сезоната, но имавме проблеми на некои патеки – како Лас Вегас, но тоа не беше само таму. Сега ја имаме Кина пред нас и уверен сум дека и таму ќе бидеме силни и брзи“.

Британецот потоа го објасни развојот на новиот болид на Мекларен, а некои детали за MCL39 звучат загрижувачки за ривалите на светските шампиони во конструктори.

„Мислам дека дефинитивно успеавме да го направиме нашиот нов болид многу поизбалансиран за различни типови на патеки, шасијата работи многу подобро при големи и мали брзини, аеродинамиката – на ниски и високи нивоа на потисна сила“, додаде Норис. „И сега сме конкурентни. Но, минатата година во Лас Вегас, каде што нивото на потисна сила е ниско, имавме проблеми таму, главно со предниот дел на болидот, имавме зрнца на гумите и проблеми со стабилноста“.

Слични содржини