Норис на пол-позиција за спринтот во Катар, Верстапен ќе стартува од третиот ред

од Vladimir Zorba
8 прегледи

Возачот на Мекларен, Ландо Норис, ја освои пол-позицијата за последната спринт трка од овогодинешниот шампионат во Формула 1, која се вози за Големата награда на Катар.

Британецот на половина пат на патеката „Лусаил“ стигна со време од 1:21.012 минути, со 63 илјадитинки предност пред Џорџ Расел во Мерцедес. Двајцата беа следени од вториот возач на Мекларен, Оскар Пјастри, кој заостанува десеттинка зад победникот на минатонеделната трка во Лас Вегас.

Шампионот Марк Верстапен, кој пред пет дена ја обезбеди четвртата титула, ќе го заземе шестото место во саботниот спринт.

Квалификациите за главната трка се закажани за сабота во 19 часот, додека стартот на Големата награда на Катар е закажан за в недела во 17 часот.

Слични содржини