Норис најбрз на првиот тренинг во Шпанија

од Vladimir Zorba
8 прегледи

Ландо Норис (Мекларен) продолжува да одржува добро темпо во шампионатот во Формула 1.

По триумфот во Монте Карло, Британецот беше најбрз и на првиот тренинг пред Големата награда на Шпанија во Барселона.

Тој стигна до целта за 1:13;718 минути и беше единствениот што успеа да заврши круг за помалку од 1:14 минути.

Втор беше актуелниот светски шампион Макс Верстапен, кој беше 0,367 секунди зад Норис. На третото место беше Луис Хамилтон, кој беше само 11 илјадити делови побавен од Холанѓанецот.

Од четвртото до десеттото место, по ред завршија: Леклер, Пјастри, Лосон, Берман, Хајар, Кунода и Гасли.

Вториот слободен тренинг е закажан за 17 часот. Главната трка ќе се одржи во недела, 1 јуни, во 15 часот.

Слични содржини