43
Возачот на Мекларен, Ландо Норис денеска изјави дека освојувањето на титулата кај конструкторите е историски момент за неговиот тим во Формула 1 шампионатот, пренесува Би-Би-Си.
Норис денеска победи на последната трка од сезоната во Формула 1 шампионатот за Големата награда на Абу Даби и со тоа му ја донесе титулата на својот тим во конкуренција на конструктори.
Ова е прва титула за Мекларен во екипна конкуренција од 1998 година.
„Тоа е неверојатно чувство, не само за мене, туку и за целиот тим. Тие завршија неверојатна работа оваа година за да стигнат овде, во споредба со местото каде што бевме на почетокот. Толку сум горд на сите, тоа беше прекрасно патување и совршено е вака да се заврши сезоната“, рече Норис.