
Сообраќајот на магистралниот пат Градско-Прилеп, во близина на кафеаната „Ловец, од 13:10 часот е нормализиран, информира Автомото сојузот на Македонија (АМСМ).
Претходно АМСМ објави дека поради случена сообраќајна несреќа на магистралниот пат Прилеп-Градско од 12:40 часот сообраќајот се одвива по една коловозна лента со наизменично пропуштање на возилата.