Нормализиран сообраќајот на патниот правец Крива Паланка- ГП „Деве Баир“

од Nikola Popovski
202 прегледи

Од 07:30 часот сообраќајот на регионалниот пат А2 Крива Паланка- ГП „Деве Баир“ е нормализиран, информираат од АМСМ.

Сообраќајот на патниот правец А3 Македонска Каменица – Делчево, се одвива наизменично, по една коловозна лента за сите видови на возила.

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози.

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

Слични содржини