Од 09:50 часот, сообраќајот на магистралниот пат Гостивар – Кичево е нормализиран., информираат од АМСМ.
Сообраќајот на овој патен правец од 7:15 часот беше во прекин во двата правци поради случена сообраќајна несреќа во близина на каменоломот.
Од АМСМ додаваат дека сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови, по претежжно влажни коловози. Појава на магла со видливост од 50 м. до 100 м. има на патниот правец Скопје – Петровец и по Повардарието, додека видливост до 50 м. има од Струмица кон г.п. Ново Село.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.