Норвешка од утре, 1 ноември, ќе ја стави армијата во готовност поради војната во Украина, соопшти денеска норвешкиот премиер.
Земјата сега е најголемиот извозник на природен гас во Европската унија, обезбедувајќи околу една четвртина од својот увоз по намалувањето на рускиот прилив.
„Ова е најсериозната безбедносна ситуација во последните неколку децении“, рече премиерот Јонас Гар Сторе на прес-конференција.
„Нема индикации дека Русија ја шири својата војна во други земји, но поради зголемените тензии, ние сме повеќе изложени на закани, разузнавачки операции и кампањи за влијание“, рече тој.
Норвешка распореди војска за да ги чува своите морски платформи и објекти на копно по нападот на Северен тек на 26 септември и беше поддржана од британската, француската и германската морнарица.