Норвешка донираше 76 возила за АРМ

од Nikola Popovski
204 прегледи

Кралството Норвешка денеска ѝ ја предаде донацијата од 76 неборбени моторни возила на земјава, на која присуствуваше министерката за одбрана Славјанка Петровска, началникот на Генералштабот Васко Ѓурчиновски, амбасадорката на Норвешка за Северна Македонија, Кристин Мелсом и командантот на логистика на Вооружените сили на Кралството Норвешка Андрес Јернберг.

-Норвешка донација од 76 неборбени моторни возила, од кои 36 лесни пешадиски возила и 40 камиони SCANIA значително ќе придонесат за зголемување на транспортните можности на едниците на Армијата. Се зајакнува Армија на Република Северна Македонија и се зајакнува и мирот, безбедноста и стабилноста на Алијансата, порача министерката Петровска.

Според неа, соработката помеѓу Северна Македонија и Кралството Норвешка го отсликува цврстото сојузништво во Алијансата.

Амбасадорката на Кралството Норвешка за Северна Македонија, Кристин Мелсом, истакна дека дипломатските врски меѓу двете земји се зајакнуваат последните 30 години, особено по приемот на земјава во НАТО Алијансата во 2020 година.

– Во последните години уште повеќе ја зајакнавме нашата врска со посетата на Командантот на Гардата на Неговото височество кралот и нашиот началник за одбрана г. Ајрик Кристоверсен, распоредувањето на македонскиот хируршки тим во Авганистан, меѓусебната размена на кадети, посетите на ваши офицери и на нашата бригада Север и на Здружениот оперативен штаб и уште неколку други проекти, рече Мелсом.

Слични содржини