
Норвешкото Министерство за надворешни работи во средата соопшти дека одлучило да протера руски дипломат по неодамнешното апсење во Осло на норвешки државјанин осомничен за шпионажа.
Норвешката полиција во понеделникот соопшти дека Норвежанецот е осомничен за нелегално предавање на информации на руски разузнавач.
Тој, наводно, предавал тајни што можат да наштетат на фундаменталните интереси на Норвешка.
Според норвешкиот закон, тој би можел да добие 15 години затвор – јавуваат агенциите.