Норвешка не утврди поврзаност помеѓу вакцината на „Фајзер“ и смртта на вакцинираните лица

од Nikola Popovski
202 прегледи

Норвешка денес објави дека не утврдила врска помеѓу вакцината на Фајзер и Бионтек и смртта на вакцинираните лица во таа земја, сепак, препорачувајќи им на лекарите да ја проценат здравствената состојба на старите и ранливите луѓе пред вакцинацијата.

Од почетокот на кампањата за вакцинација кон крајот на декември, скандинавската земја објави 33 смртни случаи на стари лица кои ја примиле првата доза, според последниот извештај на властите, пренесен од Хина.

Тринаесетте случаи кои досега се испитани повнимателно, „се постари лица со сериозни здравствени проблеми“, истакнала директорката на норвешката Агенција за јавно здравје, Камила Столтенберг, на прес-конференција.

„Немаше анализа за причините за смртта“, додала таа. „Најважното нешто што треба да се има на ум е дека 45 луѓе умираат секој ден во домовите за стари лица во Норвешка. Затоа, не е утврдена зголемена смртност или поврзаност со вакцината“, рече таа.

По информацијата за 33 смртни случаи по вакцинирањето, Норвешка деновиве повторно предупреди дека е потребна лекарска проценка пред да се вакцинираат старите лица и оние со здравствени проблеми.

Според последните податоци, повеќе од 48.000 луѓе примиле вакцина во Норвешка, која има 5,4 милиони жители.

Слични содржини