Норвешка: Жените – војници се поиздржливи од мажите

од desk2
56 прегледи

Неодамна е објавено едно истражување во Норвешка кое покажа дека жените – војници подобро ги издржуваат војничките вежби од своите машки колеги. Резултатите од истражувањето покажале дека жените губат маснотии за време на активностите, што може да биде предност за време на долгорочните вежби или воени акции.

Односно, потврдено е дека жените побрзо се опоравуваат и дека подобро ги извршуваат дадените вежби.

“Во денешно друштво важно е да се има голема телесна маса и малку масти на Вашето тело”, вели Хилде Тејден, членка на тимот која го спроведуваше истражувањето.


Овој проект опфатил 23 мажи и 12 жени, припадници на Специјалните вооружени сили на Норвешка. Тие биле изложени на физички напори во едно неделно тестирање, откако се покажало дека мажите изгубиле 2,7 килограми телесна маса, додека жените изгубиле само маснотии.


Сепак, студијата не ги импресионирала некои скептици. Офицерот Харалд Хоибак, кој претходно рекол дека жените во вооружени сили ја ослабуваат борбената способност на Норвешка, ги негира резултатите на истражувањето.


“Која е важноста на брзото опоравување на жените ако тие во основа имаат значително помали физички способности и капацитети?”, вели тој.

Бројката на жени во норвешката војска постојано расте откако беше воведена служба и за жени во 2015 година.