Норвешката полиција денеска накратко ја приведе еколошката активистка Грета Тунберг за време на протестот во Осло, каде демонстрантите бараа отстранување на турбините на ветер од пасиштата за ирваси.
Грета Тунберг заедно со група активисти ја блокирале влезната врата на норвешкото министерство за финансии, а полицијата ги собрала и ги однела, пренесува Ројтерс.
Демонстрантите, вклучително и домородното население, како и активисти, во последните денови почнаа да го блокираат влезот на неколку владини згради.