230
Земјите од НАТО се договорија Јенс Столтенберг да остане на функцијата генерален секретар на Алијансата уште една година, пишува норвешкиот весник „Верденс ганг“.
„Владите на 31 земја-членка на НАТО се договорија. Сите земји од Алијансата се едногласни во одлуката да побараат од Столтенберг да продолжи да ја врши функцијата генерален секретар“, наведува весникот.
Претходно весникот „Еурактив“, повикувајќи се на дипломатски извори, објави дека мандатот на Столтенберг наскоро ќе биде продолжен за уште една година.
Договорот на Столтенберг со НАТО истекува на први октомври годинава.