Поранешниот претседател на Македонија Бранко Црвенковски во почетокот на своето излагање, на дебатата на МАНУ „Современата македонска држава – две етапи во процесот на нејзиното формирање и развој 1941-1991/1991-2021“, се осврна и на почетоците на независноста и неговите години како премиер при што рече дека прзнава дека имало и грешки, осврнувајќи се на преминот од социјализам кон комунизам и за приватизацијата, за што рече дека не биле создадени механизми за заштита на интересите на малите акционери во фирмите што се приватизираа.
-Транзиција во негативна смисла се сведува на негативен призвук. Во Југославија се донесе одлука да се напушти социјализмот и да се гради капитализмот, некои претпријатија одлучија мнозински да се приватизираат уште додека бевме во рамките на Југославија по законот на Анте Марковиќ. Сите вработени со големи попусти и рати да станат сопственици на акции во своите фирми. Тоа изгледаше праведно. За жал многу често тоа не беше случај. Во многу претпријатија под притисок и уцена да не ги заагубат своите места, ги отстатпуваа своите акции на менаџерите, а ние не создадовме механизми за заштита.Со ова знаење и искуство што го имам сега секако дека јас лично многу работни би направил поинаку. Носам целосна одговорност за грешките што беа направени додека бев премиер. Но во политиката, како и во животот не постои времеплов, кажа Црвенковски.