Носителите на МКарта од денес ќе можат да користат fast-track на аеродромите во Скопје и Охрид

од Nikola Popovski
204 прегледи

Министерството за надворешни работи денеска информира дека ќе има забрзан премин за носители на МКарта, при нивното доаѓање во земјата.

-Добра вест. Носителите на #МКарта од денес, при влегување во државата, ќе можат да користат fast-track на аеродромите во Скопје и Охрид. Оваа можност, која се реализира во соработка со Министерството за внатрешни работи, претставува симболично признание за нивниот труд и квалитет и благодарност на нашите институции и држава, соопшти министерот Бујар Османи.

Шефот на дипломатијата наведе дека проектот МКарта претставува мрежа на наши квалитетни поединци во дијаспората, кои со својата стручност и нагласен ангажман се истакнуваат во странство, што ги чини вистински амбасадори кои на најдобар можен начин ја претставуваат Северна Македонија.

Слични содржини