Нов „Аквамен“ – нов костим: Момоа го откри изгледот на суперхеројот (ФОТО)

од Vladimir Zorba

Актерот Џејсон Момоа објави фотографија од снимањето на новото продолжение на филмот „Аквамен“ на Инстаграм и покажа како ќе изгледа неговиот костим.

Пред три години, во овој филм, Џејсон носеше костим во златна и зелена боја, додека новиот костум е металик боја и потемен од претходниот.

„Втора рунда. Нов костум. Повеќе акција“, напиша Џејсон во описот на објавата.

Режисерот Џејмс Ван рече дека тој и сценаристот биле инспирирани од синиот костум што „Аквамен“ го носел во осумдесеттите години, пишува „Индипендент“.

Таков костум за првпат беше виден во истоимената мини серија од осумдесеттите години, а беше дизајниран од сценаристот и дизајнер на продукциската куќа Дил Нил Поснер.

Филмот „Aquaman and the Lost Kingdom“ треба да започне да се прикажува во декември 2022 година, а Момоа неодамна изјави дека продолжението го посветил на еден млад обожавател кој ја загуби битката со ракот оваа година.

Слични содржини