Нов Audi RS6 со хибриден погон

од Vladimir Zorba
182 прегледи

Според сегашните најави, наследникот на актуелниот Audi RS6 Avant може да се очекува кон крајот на 2025 година или на почетокот на 2026 година.

Во оваа насока, поранешниот шеф на Audi Sport и сегашен шеф за развој и истражување во Audi, Стефан Реил, практично потврдува дека следната генерација на овој спортски караван ќе добие хибриден погон. Други детали засега не се познати.

„Се разбира дека оваа [хибридизација] е патот по кој треба да се оди, можам да ви кажам дека во следната генерација ќе има повеќе хибридизација“, рече Реил за Australia’s Wheels.

„Ова е нашиот пат до целосно електрифицирани автомобили“, додава тој.

И сегашниот RS6 Avant е всушност електрифициран до одреден степен бидејќи 4.0-литарскиот твин-турбо V8 доаѓа со благ хибриден систем, но неговиот наследник ќе се потпира на plug-in хибридна технологија.

Исто така, кога новиот RS6 Avant C9 ќе се појави кон крајот на 2025 или почетокот на 2026 година, тој исто така ќе биде последниот спортски караван од Audi што ќе има мотор со внатрешно согорување. Не се знае дали ќе добие V8 мотор, но Стефан Реил вели дека неговиот наследник ќе биде исклучиво електричен.

„Околу една генерација по C6 станаа важни емисиите на CO2. Потоа на C7 имавме намалување од V10 на V8, воведовме деактивирање на цилиндрите, а на C8 сега имаме 48-волтен благ хибриден систем“, истакнува Реил.

Слични содржини