124
Најмалку 113 лица загинаа во катастрофална експлозија на пристаништето во Бејрут, а десетици се водат како исчезнати – нов биланс на состојбата објавена денес од министерот за здравство, Хамад Хасан.
Огромната експлозија, што се случи во вторникот, повреди над 4.000 луѓе.
„Сигурно има повеќе (жртви) под урнатините и добиваме десетици извештаи за исчезнати“, рече министерот за новинарите.
Две големи експлозии го уништија поголемиот дел од пристаништето во Бејрут и оштетија многу згради во либанската престолнина, кршејќи ги прозорците и вратите.