Нов бран превирања во Твитер: Маск критикуваше директорка, таа си поднесе оставка

од Nikola Popovski
336 прегледи

Директорката на Твитер задолжена за безбедноста на содржината, Ела Ирвин поднесе оставка, а нејзиното заминување доаѓа веднаш откако сопственикот Илон Маск јавно се пожали на начинот на кој социјалната мрежа се справува со твитовите на темата трансродови лица.

Нејзиното заминување сигнализираше нов бран на превирања меѓу клучните функционери на Твитер откако Маск ја презеде мрежата минатата година, објави АП.

Ирвин ја потврди оставката, но не кажа зошто си заминува. Сепак, заминувањето се совпадна со критиките на Маск за справувањето на Твитер со прашањата поврзани со трансродовиот медицински третман за деца и тинејџери.

Маск одговараше на забелешките на Џереми Боринг, еден од директорите на медиумската компанија „Дејли вајр“.

Слични содржини