Нов дебакл со јавниот превоз – ќе сообраќаат само автобусите на гас

од Nikola Popovski
109 прегледи

Повторно се заканува дебакл во јавниот градски превоз. „Локално“ дознава дека од попладневните часови ќе сообраќаат само автобусите кои се на гас откако ЈСП Скопје не добило нафта за останатите автобуси од фирмата добавувач „Пуцко петрол“.

Ова значи дека по улиците на Скопје ќе возат само 25 еко автобуси од кои 20 се единечни и 5 зглобни кои пред четири години пристигнаа во земјава по договорот на градската администрација со германскиот производител МАН.

Според информациите, останатите автобусите на нафта веќе почнале да се исклучуваат од линиите бидејќи и базите во Автокоманда и Ѓорче Петров немаат резерви на гориво.

Со оглед на големите гужви по автобуските станици, се уште уште поголем застој во превозот на граѓаните и чекање со часови.

Од претходно приватните автобуски превозници донесоа одлука да возат редуцирано незадоволни од како што велат немањето слух кај надлежните за нивното барање за повисок надомест за изминат километар. Тие возат само по 18 часот.

Проблем со горивото имаше и изминатиот викенд, но од Град Скопје соопштија дека автобусите на ЈСП од почетокот на работнава недела ќе сообраќаат редовно.

Од Град Скопје и ЈСП Скопје засега нема никакво официјално известување.

Слични содржини