Нов договор за Гави, откупна клаузула од една милијарда евра!

од Nikola Popovski

Гави, младиот ас на Барселона, потпиша нов договор со Каталонците до јуни 2026 година.

Деталите за платата што ќе ја добива не се соопштени, познато е само дека доколку некој сака да го донесе момчето кое неодамна наполни 18 години, ќе треба да ѝ плати на Барселона една милијарда евра!

Гави минатата година беше прекомандуван од Барселона Б во првиот тим и оттогаш е практично незаменлив во средниот ред на повеќекратниот европски првак.

Беше член на сите јуниорски селекции на Шпанија, а досега за А репрезентацијата одигра 10 натпревари и постигна еден гол.

Слични содржини