Се уште се зборува за интервјуто на Меган Маркл и принцот Хари, кое неодамна го дадоа на водителката Опра Винфри, како и реакциите на сè што рекоа во емисијата.
Токму кога сите помислија дека невремето во кралското семејство се смири, сајтот „Deadline“ објави дека се подготвува нов филм за војвотката и војводата од Сасекс.
Имено, беше најавено дека на каналот „Lifetime“ ќе се емитува нов филм за Меган Маркл и принцот Хари, со наслов: „Хари и Меган: бегство од палатата“ и кој ќе открие „што навистина се случило внатре во палатата, па тие двајца одлучија да го напуштат дворот“.
Овој филм е дел од трилогијата за војвотката и војводата. Другите два филмски наслови за продолжението на сагата за Мегзит, како што се нарекува заминувањето на славната двојка од британското кралско семејство, гласат: „Хари и Меган, 2018: кралска романса“ и „Хари и Меган, 2019: станување член на кралското семејство“, првиот го покажува почетокот на нивната врска, а другиот е насочен кон кралската венчавка.