За време на неговиот говор на Самитот на Г-7, претседателот на Соединетите Американски Држави, Џозеф Бајден, ги помеша Либија и Сирија, и тоа дури три пати.
Во обраќањето на прес-конференција, Бајден зборуваше за хуманитарната помош за земјите уништени од граѓанската војна.
Тој зборуваше за можноста за соработка со Русија, во обезбедувањето „витална помош“ на Либија – население во големи неволји.
Потоа рече дека Русија загризла повеќе отколку што може да свари со својата интервенција во „Сирија“, а потоа ја вклучи и „Либија“ во таа изјава.
WATCH: Joe Biden confuses Syria with Libya THREE TIMES. pic.twitter.com/8iewTindfr
— RNC Research (@RNCResearch) June 13, 2021
„Сè додека се таму без можност да воведат некаков ред во регионот, не можете да го сторите тоа многу добро без да ги обезбедите основните економски потреби на луѓето“, рече Бајден. „Значи, се надевам дека ќе најдеме сместување во кое ќе спасиме животи на луѓе во, на пример, Либија“, додаде Бајден.
Соработниците на Бајден подоцна се обидоа да го поправат гафот, изјавувајќи дека Бајден сакал да каже „Сирија“ кога зборуваше за „Либија“.
Сепак, тоа не помина незабележано, па на социјалните мрежи се појавија бројни негативни коментари.