180
За време на својот синоќешен говор во канадскиот парламент во Отава, американскиот претседател Џозеф Бајден по грешка ја пофали „Кина“ кога сакаше да каже Канада и направи нов гаф.
„Денес ја поздравувам Кина… извинете, ја поздравувам Канада“, рече 80-годишниот американски претседател и набрзина додаде: „Можете да замислите што мислам за Кина. Но нема да навлегувам во тоа“, пренесе „Њујорк Пост“.
На прес-конференцијата која следеше, Бајден направи сличен гаф и ја спомена Јапонија додека зборуваше за односите на Кина со Русија, но се поправи пред крајот на реченицата.