Нов голем скандал го потресе спортот: Втората тенисерка во светот суспендирана поради допинг

од Nikola Popovski
29 прегледи

Ига Швјонтек, полска тенисерка, моментално втора на ВТА листата е успендирана на еден месец поради позитивен допинг тест.

Триметазидин (ТМЗ) бил пронајден во нејзиниот примерок во август оваа година, а сега е потврдено дека Швјонтек прифатила едномесечна суспензија.

Оваа вест ја објави Меѓународната тениска организација за интегритет (ИТИА) со детално соопштение на својата веб-страница.

Казната од само еден месец е производ на тоа што забранетата материја не била внесена намерно, а била пронајдена во мали количини.

ИТИА прифати дека позитивниот тест е предизвикан од контаминација на регулиран лек без рецепт (мелатонин), произведен и продаден во Полска, кој тенисерката го земала поради проблеми со спиењето и дека прекршувањето не е намерно. Оваа забрана уследи по разговор со тенисерката и нејзината придружба, како и истраги и анализи од две лаборатории акредитирани од WADA (Светска анти-допинг агенција).

Со оглед на тоа што Ига пропушти три турнири во септември и октомври, на веб-страницата ИТИА пишува дека и остануваат уште осум дена казна. Исто така, оваа година ѝ беше одземена наградата во Синсинати, бидејќи тој турнир дојде веднаш по тестот.

Слични содржини