Нов „инцидент“ на американската ѕвезда: Дали ќе го чини 17 милиони долари?

од Nikola Popovski
861 прегледи

НБА неодамна го официјализираше правилото дека на играчите кои не играат натпревати, бидејќи не се вакцинирани .ќе им бидат одземени платите, а тоа најмногу ги погоди Бруклин Нетс и нивниот бек Кајри Ирвинг, кој оваа сезона би можел да загуби околу 17 милиони долари.

Во НБА лигата, околу 90 проценти од играчите се вакцинирани, а од невакцинираните, најзвучното име дефинитивно е Ирвинг.

Новиот закон во американското кошаркарско првенство вели дека играчите нема да добиваат плата за секој натпревар што го пропуштаат бидејќи не се вакцинирани, а такво нешто засега може да влијае само на членовите на Бруклин Нетс и Голден Стејт Вориорс.

Во Њјорк и Сан Франциско, правилото е дека сите спортисти кои играат за еден од тимовите од тие градови мора да бидат вакцинирани за да се појават на било кој од затворените настани.

Бидејќи не е вакциниран, Ирвинг, доколку не ја промени својата одлука, нема да може да тренира со својот тим во Њујорк и ќе загуби 381.000 долари по пропуштен натпревар – односно потенцијално околу 17 милиони долари на годишно ниво.

Ирвинг имаше разни проблеми со отсуства откако пристигна во Бруклин. Минатата година, на пример, мораше да оди во ковид-протокол за здравствена заштита и да пропушти околу една недела, бидејќи го прослави роденденот во затворени простории, меѓу луѓе, што во тоа време не беше дозволен.

Тој исто така имаше неколку испади кога не сакаше да игра од лични причини кои никогаш не беа сфатени, а во еден момент едноставно не се појави пред натпревар.

И покрај бројните испади, Ирвинг се уште е толериран повеќе од било кој друг во НБА лигата, поради неверојатните кошаркарски способности што ги поседува.

Минатата сезона, тој имаше просек од 27 поени, 4,8 скокови и шест асистенции по натпревар на преку 50 проценти шут од играта, но се повреди во плејофот, поради што ослабениот Нетс испадна од Милвоки Бакс.

 

Слични содржини